151
Нов земјотрес со јачина од 4,6 степени според Рихтеровата скала е регистриран денес во централниот дел на Турција, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.
Според веб-страницата ЕМСЦ, земјотресот се случил на длабочина од 10 километри.
Земјотресот се случил на оддалеченост од 38 километри источно од градот Османлија.
Бројот на загинати во Турција и Сирија, во разорниот земјотрес пред седум дена, се искачи на 37.357, соопштија денес официјални лица.
Да потсетиме, Турција на 6 февруари беше погодена од два разорни земјотреси со јачина од 7,8 и 7,7 степени според Рихтеровата скала.