Нов земјотрес во Турција

од Radmila Tasevska
148 прегледи

Нов прилично силен земјотрес е регистриран утрово околу 08:15 часот (10:09 часот по локално време) во областа Дикле во провинцијата Дијарбакир во Турција, пренесува EMSC.

Земјотресот бил со јачина од 4,6 степени според Рихтеровата скала.

Земјотресот се случил на 22 километри од градот и областа Дикле.

Ова е деветти земјотрес во Турција кој е посилно почувствуван во последните 68 часа, јавува N1.

Слични содржини