Нов земјотрес во Турција, тлото се уште не стивнува!

од Radmila Tasevska
169 прегледи

Турција ја погоди нов силен земјотрес со јачина од 5,5 степени според Рихтеровата скала!

Турција ја погоди нов земјотрес со јачина од 5,5 степени според Рихтеровата скала, пишува „EMSC“. Земјотресот се случил северно од градот Конија во Анадолија на длабочина од околу 33 километри.

Според неофицијални информации, бројот на загинати е 1.541, додека бројот на повредени е 9.733. Да потсетиме, Турција рано утринава беше погодена од два земјотреси со јачина од 7,8 и 6,7 степени според Рихтеровата скала. Сведоците ги опишаа деталите за хоророт и открија дека луѓето се преплашени, но дека никој не бега и дека сите помагаат колку што можат.

Слични содржини