460
Жителите на округот Сисак-Мославина и денес беа разбудени од трепет на земјата. Земјотрес со јачина од 2,3 степени е регистриран недалеку од Сисак.
Утрово, во 6:47 часот е регистриран земјотрес со јачина од 2,3 степени според Рихтеровата скала. Земјотресот бил на длабочина од два километри, а неговиот епицентар бил на 16 километри од Сисак, поточно во близина на Лекеник.
„Оваа е како бомба“, „Повторно во исто време како и секој ден“, „Малку за добро утро“, се дел од коментарите на граѓаните кои го почувствуваа земјотресот.