501
Нов земјотрес ги погоди Херцег Нови и Которскиот залив денес околу 15 часот и 40 минути. Според репортерот Нова.рс од Херцег Нови, новиот земјотрес ги вознемири и граѓаните на Бока, но многу помалку од оној што го погоди крајбрежјето ноќта меѓу петокот и саботата.
Според локалното население, веројатно станува збор за „смирување на земјата“.
Порталот EMSC.eu, кој ги „следи“ земјотресите во Европа, наведува дека јачината на земјотресот била 3,2 степени според Рихтеровата скала.