Нов земјотрес во Хрватска

од Берта Китинска
175 прегледи

Денес во близина на хрватските градови Вис и Сењ се регистрирани послаби земјотреси од 2,8 и 2,9 степени според Рихтеровата скала.

Според Хина, првично хрватската сеизмолошка служба регистрирала земјотрес со јачина од 2,9 степени според Рихтеровата скала со епицентар северо-источно од Сењ во 14:34 часот.

Потоа, во 17 часот и 23 минути е забележан слаб земјотрес со јачина од 2,8 степени според Рихтеровата скала кај Вис.

Според Сеизмолошката служба, епицентарот бил на околу 25 километри југозападно од Вис.

Интензитетот на двата земјотреса во епицентарот бил меѓу третиот и четвртиот степен според европската макросеизмичка скала, според Сеизмолошката служба.

Слични содржини