325
Синоќа повторно се тресела земјата во Загреб и нејзината околина. Новиот земјотрес што ја погоди Хрватска бол со јачина од 2,7 степени според Рихтеровата скала.
Од веб-страницата на ЕМСЦ беше објавено дека епицентарот на земјотресот бил оддалечен само 26 километри од центарот на Загреб.
Земјотресот ја погоди хрватската престолнина синоќа околу 20.45 часот, а според последните информации се случил на длабочина од пет километри.
Ова е четврти земјотрес во Хрватска во последните 60 часа.
Felt #earthquake (#potres) M2.5 strikes 26 km S of Zagreb – Centar (#Croatia) 5 min ago. Please report to: https://t.co/3emlCDrOYN pic.twitter.com/qLkpgTd2ZA
— EMSC (@LastQuake) April 30, 2021