(ВИДЕО) Нов земјотрес во Непал од 7,4 по Рихтер

од desk3
118 прегледи

Земјотрес со интензитет од 7,1 степени според Рихтеровата скала е регистриран на територијата на Непал, покажуваат податоците на Европскиот медитерански сеизмолошки центар.

Image_4759864_407

Земјотресот е почувствуван во неколку индиски држави, соопштија медиумите од Индија. Тоа се Бихар, УтарПрадеш, Западен Бенгал и Асам. Потресот е почувствуван и во главниот град на земјата Делхи.

Во главниот град на Непал Катманду почна евакуацијата на дипломатските служби, луѓето се изведени од амбасадите и се на улица.

Отчитаната длабочина е 10 километри под земјината површина, а епицентарот е на 81 километри источно од непалската престолнина Катманду.

Инаку непалската армија спасила 117 лица од три оддалечени планински села, северно од главниот град Катманду. Меѓу нив има двајца американски државјани кои се барале од роднина, соопшти официјален претставник на армијата, цитиран од “Ројтерс”.

115 Непалци и двајца Американци биле евакуирани во понеделникот од Сајанџен, Кенџинг и Лангтанг, каде што илјадници беа убиени од огромна лавина предизвикана од катастрофалниот земјотрес минатиот месец.

Сите спасени биле блокирани во трите популарни села за алпинисти во област Расува, по потресот со јачина од 7,8 степени по Рихтер на 25 април. Земјотресот зеде најмалку 8046 жртви. Повредените се над 17 800 луѓе.

Серија од лавини и лошо време во реонот ги забавија напорите на армијата да стигнат до отсечените од светот.

“Влезот на долината Лангтанг стана карпеста и снежна пропаст поради лавините”, објасни претставник на локалната власт во областа.

Во неделата ризикот од нови лавини ги принуди властите да прекинат потрагата по околу 200 тела, за кои се смета дека се затрупани под карпите и снегот во долината.