124
Нов земјотрес со јачина од 3,6 степени според Рихтеровата скала ја погоди Хрватска денес.
Евро-медитеранскиот сеизмолошки центар најпрво објави дека јачината на земјотресот е 4,0 степени според Рихтеровата скала, но потоа објави дека земјотресот бил 3,6 степени.
– Се почувствува силен земјотрес. Повторно се тресеше сè. Тоа траеше кратко, но силно – пренесува репортерот на Вечерњи лист.
Земјотресот е регистриран на длабочина од два километри, а епицентарот бил на четири километри југозападно од Сисак.
Регистрирани се 174 земјотреси во Хрватска за 73 часа.