Нов живот: Безгрижната Меган и малиот Арчи на прошетка, Хари ја напушти Британија

399 прегледи

Принцот Хари во понеделникот пристигна во Канада како би започнал нов живот со својата сопруга Мeган Маркл, далеку од кралскиот живот. Во Ванкувер пристигна со директен лет од Лондон, а фотографиран е на тамошниот аеродром, каде го придружувале телохранители.

Хари, по излегувањето од аеродромот заминал во куќата во Норт Санч во вила вредна 14 милиони долари која Сасекси ја сметаат за дом последниве два месеци, пишува Daily Mail.

Утрото пред доаѓањето на Хари, Меган го однела синот Арчи на прошетка. Војвотката од Сасекс била лежерно облечена, а со неа биле и нивните две кучиња, а се чинело дена нема ниту малку грижа за тоа што се случува во Велика Британија и кралскиот двор.

Во саботата, од Бакингемската палата издадоа соопштение во кое објавија дека Хари и Меган ќе останат без своите кралски титули и дека повеќе нема да ја претставуваат кралицата Елизабета, но и дека нема да добиваат пари од кралското семејство.

Хари, пред патувањето за Канада, зборувал за наводната голема тага која ја чувствува поради напуштањето на кралското семејство, но истакнал дека тој и Меган немале друга опција. Додал дека се надева дека тој и неговата сопруга ќе продолжат да и служат на кралицата и Комонвелтот и дека ќе продолжат да ги обавуваат своите должности, но без јавно финансирање.

Принцот одлета за Канада за да не би го засенил својот брат Вилијам, кој еден ден ќе стане рал, а сега се во тек за припремите за таа голема титула. Вилијам во Лондон угостил 21 делегат од Африка на првата голема свеченост која ја организира тој, а го следеа неговата сопруга Кејт, принцот Едвард, принцезата Ен и бројни членови на кралското семејство.

Слични содржини