Нова афера на повидок: На забава на добар пријател на Курц се служеле кокаин, МДМА и марихуана

од Vladimir Zorba
248 прегледи

Полицијата добила дојава во петокот вечерта за „забранета“ роденденска забава што се одржувала во ресторанот „ДОТС“ во Бруненхоф. Местото е инаку во сопственост на австрискиот крал на суши и угостител, Мартин Хо, близок пријател на канцеларот Себастијан Курц. Полицијата открила 21 лице и два готвачи кои подготвувале храна за испорака.

Кокаин, МДМА и марихуана биле на менито. Според извештаите на австриските медиуми, неколку сопственици на ресторани претходно добиле повик од славеникот, кој им понудил 5.000 евра за да слави во нивниот објект. Славеникот не сакаше да открие кој им дозволил и под какви услови забава во „ДОТС“, пренесува Heute. Сите угостителски објекти се затворени како резултат на пандемијата до 15 мај.

– Денес ми е роденден. Поради оваа причина, сакав да организирам мала забава за моите пријатели. Планирани се десет лица затоа што знам дека од денес, тој број може да се собере. Со оглед на тоа дека сите тие имаа некој со себе, ми беше срам да ги вратам дома – рекол на полицијата славникот, додавајќи дека тој користел канабис и кокаин околу четири години и никогаш не продавал наркотици.

„Заработувам доволно пари за да си го дозволам тоа и не мора да продавам кокаин“, се слуша во видеото, снимено на лице место од инсајдер, кој очигледно ја известил полицијата. Покрај казните за поседување дрога, на 22 други присутни им беа напишани за кршење на правилата за спречување на КОВИД-19. Ова вклучува отворање ресторан и социјална далечина.

Инаку, Мартин Хо е сопственик на ресторанот „ДОТС“, ллубот Патерсауна, хотелот „Ла Петит Ајви“ и бренд готова свежа храна која се продава во супермаркетите „СПАР“. Претприемачот вработува околу 250 луѓе, а во медиумите се јави преку адвокат.

Секој го знае големото пријателство помеѓу претприемачот и канцеларот. „Das Bro-netzwerk“ – Братската мрежа, се само некои од насловите што ги врзуваат политичарот и иновативниот угостител.

Курц не само што беше редовен посетител на рестораните на Хо, туку и на неговите приватни родендени. Така, во 2019 година, на роденденот на Мартин и отворањето на неговиот хотел „Ла Петит Ајви“, канцеларот одржа говор во кој истакна дека е импресиониран од неговиот претприемачки дух и иновациите.

Таа ноќ се испиени околу 400 шишиња „Дом перињон“. Тие сè уште стојат како сувенир-инсталација во дворот на хотелот.