„Вистинска хистерија и паника владее во ДПМНЕ. Христијан Мицкоски е преплашен од фактот што на македонската политичка сцена се појавува вистинска опозициска опција која ќе биде препознаена како сериозен политички фактор помеѓу граѓаните“, се вели во реакцијата на Нова Алтернатива на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
„На денешната конвенција беа поканети претставници на сите политички партии во Македонија, меѓу кои и претставници на ВМРО-ДПМНЕ. За жал ниту Христијан Мицкоски, ниту било кој од раководството на ДПМНЕ не собра храброст да се појави на денешниот настан организиран од нашата партија.
Претседателката Арсовска во изјава за медиуми јасно кажа дека Нова Алтернатива ја напушта коалицијата со СДСМ и ќе се бори самостојно за довербата на граѓаните.
Во ликот на Арсовска и Нова Алтернатива, Македонија и македонскиот народ добиваат вистинска десна опција која ќе го пополни вакумот во десниот политички спектар кој го остави ДПМНЕ на чело со Мицкоски кој во изминатите шест години остана запаметен како нем набљудувач на сите штетни политички процеси за Македонија и како човек без став“, додаваат оттаму.