Од оваа недела, се воведува редовна авиолинија, на релација Скопје-Киев.
Имено, авиокомпанијата WindRose, ќе ја резлизира за првпат оваа релација. Летовите 7W791 / 792 ќе се извршуваат секој четврток и недела.
„Првпат во историјата на односите меѓу Украина и пријателска Република Северна Македонија од 6 декември 2020 година се воведуваат летови на релација Кијив-Скопје-Кијив“, соопштија денеска од Амбасадата на Украина во Скопје.
Исто така, авиорелациите ќе се вршат со авиони марка Embraared -145 и ATR72-600, а од таму додадоа и дека WindRose нуди транзит од регионите на Украина: Харков, Днипро, Одеса и Лавов.
„Постоење на директните летови ќе придонесе за интензивирање на билатералната соработка – зајакнување на бизнис врските, развој на туризмот во двете земји, подобро запознавање на граѓаните на Северна Македонија со Украина и на Украинците со Република Северна Македонија. На овој значаен настан беше посветена средбата на амбасадорката на Украина Наталија Задорожњук со генералниот директор на TAV Macedonia Метин Батак на аеродромот на Скопје на 26 ноември 2020 година, стои во соопштението“, објавија на Фејсбук страницата на Амбасадата на Украина.