Нова авиолинија од Скопје до Ларнака во Кипар oд 31 октомври

од Milan1
18 прегледи

Од 31 октомври од Меѓународиот аеродром во Скопје се воведува нова авиолинија до Ларнака во Кипар.

– На пат кон Охрид за одбележувањето на празникот Св. Кирил и Методиј сакам да споделам информација за нова авиолинија. Од 31.10.2025 започнува новата авиолинија Скопје – Ларнака Кипар. Ова е 11-та нова линија за 10 месеци, а е резултат на политиките на Владата на ВМРО-ДПМНЕ. Субвенциите и политиките на Владата за развој на авиолиниите даваат резултати, објави министрот за транспорт и врски Алексндар Николовски на Фејсбук.

Слични содржини