Нова блокада на Левица: Поднесени стотици амандмани за измените на Предлог законот за Собрание

од desk4
313 прегледи

Во пресрет на пратеничките прашања кои треба да се одржат оваа недела во четврток Левица со петстотини амандмани, поднесени до Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, го блокираше Предлог – законот за изменување и дополнување на Законот за Собранието на Република Македонија. Бараат наместо како досега секоја трета,  пратеничко прашање да можат да постават секоја седница резервирана за институтот „пратенички прашања“.

Претседателката на Комисијата, Соња Мираковска, рече дека во последен момент била искористена деловничката можност за поднесување на амандмани.

-Поднесени се околу 500 амандмани, сеуште не се обработени и Комисијата не може да работи по нив се додека не се создадат услови, односно тие да бидат доставени до нив, рече Мираковска, на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците.

Според координаторот на Коалицијата Алијанса и Алтернатива Скендер Реџепи, поднесените амандмани на Левица немаат законски основ. Реџепи за Локално вели дека со блокирањето на Предлог законот, Левица сака со двајца пратеници, постојано да поставува пратенички прашања.

– Левица условува, велат дека амандманите ќе ги повлечат само доколку секој последен четврток во месецот ќе им се  даде шанса да постават прашања, како трети или четврти по ред. За нас тоа, претставува злоупотреба на пратеничкото право, бидејќи барањето е целосно неосновано. Ова го говорам затоа што доколку се земе во предвид времето предвидено за пратеничкок прашање, од сите 120 пратеници, има време да прашаат одвај шест пратеници, рече Реџепи.

Неодамна пратеникот на Левица Димитар Апасиев од собраниската говорница рече дека сме парламент со најретки пратенички прашања.
-Во ваква ситуација се узурпира правото за поставување на пратнички прашања и тоа само од позицијата. Тоа е недозволиво. Имено дури членот 40 став два од Деловникот воведува една протекционистичка одредба за опозицијата, дека редоследот на поствување на прашање, ќе биде 2:1 во корист на опозицијата. Но секогаш пратениците од власта поставуваат повеќе прашања бидејќи смислено правејќи финти, ги злоупотребуваат писмените пратенички прашања, рече Апасиев.

На Комисијата спикерот Џафери образложувајќи го Предлог – законот за Собранието рече дека со измените законодавниот дом ќе може самостојно да решава за финансиски прашања но и за прашања поврзани со собранските служби. Со Законот собраниската служба се издвои од другите служби, со што дел од вработените кои немаа статус на државни службеници останаа без решение.

-Се наметна потребата за изменување и дополнувње на Законот за Собранието на РСМ и уредување на постапката за предлагање и донесување на буџет на Собранието кое пак се предлага да биде составен дел од републичкиот буџет. Се предлага и допрецизирање на надлежностите на буџетскиот совет на Собранието. Покрај финансиската независност со Стратешкиот план на Собранието на РСМ за 2021 – 2023, како стратешки приоритет се утврди и реформата на собранискиот канал како дел од целите за отворен парламент и доближување на работата на собранието и пратениците до раѓанте. Процесот на подготовка на оваа законска измена започна на 29 јанурлаи 2021 сгодина во Скопје помеѓу Собранието на РСМ и Програмата за парламентарна поддршка на тема „Реформата на собранискиот канал и унапредувањето на парлементарно емитување“ во рамки на серијата политички дијалози наречени „Планински разговори“, рече Џафери.

Реформата на Собранискиот канал подразбира емитување на поквалитетна програма по примерот на другите парламенти во светот, за што е потребно формирање на собраниско студио кое ќе биде опремено со најнови технологии но и квалификуван и стручен кадар. Собранието со новиот закон за својата работа ќе може да ги информира граѓаните, освен преку директен пренос на седниците и на работните тела, и за други меѓународни активности, официјални државни средби на претседателот на Собарааието, на постојните делегации во меѓународните парламентарни собранија, повремените делегациите на Собранието и пратеничките групи за соработка со другите парламенти, свечени настани кои се одржуваат во Собранието, конференции и културни и други настани и настани кои се под покровителство на Собранието.

Б.Т.