Аџџиев случајно или намерно на вчерашната средба со претставниците од Новинарскиот пленум, изиритиран од прашањата: кој му ја нарачува лустрацијата, кој ја прави листата на новинарите што треба да ги лустрира, им го фрли својот мобилен на маса на новинарите
Утре во партиското седиште на СДСМ лидерот Зоран Заев ке го продолжи објавувањето “БОМБИ“од серијалот прислушувани телефонски разговори. Во медиумските кругови се шпекулира дека утре ке бидат објавени снимки кои би биле доказ за наводната вмешаност на премиерот во работата на лустраторот Аџиев.
Тој случајно или намерно на вчерашната средба со претставниците од Новинарскиот пленум, изиритиран од прашањата; кој му ја нарачува лустрацијата, кој ја прави листата на новинарите што треба да ги лустрира, кој ги бира лустрираните, им го фрли својот мобилен на маса и им рече на новинарите да го земат и отворат и да видат со кој тој контактирал. Нормално новинарите заради пристојност, не му го ни пипнаа телефонот затоа што тоа е нели лична работа а по личните работи не се копа како што тоа го прават лустраторите.
Тој тврдеше дека не прима наредби од никого, и дека се што работи било согласно законот, и со надгласување, но не сакаше да коментира како тоа некои од комисијата не му ги прифаќаат а други ги прифакаат фактите сместени во досиејата. Му беше предочена дека ваква политичката лустрација е погрешна а тој се жалеше дека прочитал имиња на многу монструозни кодоши, ама кои не подлежат на законот и нему му било многу криво што и нив не може да ги лустрира .
Проф .Фрчковски,кој е еден од многумината досега прогласени од Аџиев за кодош, на дебата во телевизијата Алсат М изјави дека опозицијата располага со снимени телефонски разговори од кои ке се видело дека лично премиерот Груевски е нарачател на лица кои треба да се дискредитираат со лустрирање,па дури и дека како што изјави професорот,го темпирал и времето кој и кога од неговите неистомисленици требе да биде прогласен за кодош, согласно моменталните потреби на како што рече професорот неговиот режим.
