Нова дојава за бомба во „Корчагин“ и „Карев“ (ВИДЕО)

од Nikola Popovski
315 прегледи

Нова дојава за бомба во скопската гимназија, „Раде Јовчевски-Корчагин“ и во „Никола Карев“, дознава „Локално“.

Според ученици од училиштето, еден од професорите ги известил да ги напуштат просториите и дека нема да има настава во преостанатиот дел од денот.

МВР не можеше да ги потврди информациите до објавувањето на текстот.

Антитерористичката единица на полицијата на Северна Македонија вчера изврши детална истрага по дојава за бомба во осум училишта на територијата на Скопје и констатира дека е лажна.

Истата анонимна дојава за подметнати бомби прво била испратена до пет средни училишта во Скопје, а потоа до уште три.

Полицијата веднаш ги евакуира учениците во сите тие училишта и направи проверки.

Испраќачот на лажната закана се уште не е идентификуван, а полицијата работи на негово идентификување.

Б.М.

ФОТО/ВИДЕО: „Локално“

Слични содржини