Нова ера на „Камп Ноу“: Чави го одржа првиот тренинг

од Vladimir Zorba
333 прегледи

Во понеделникот на стадионот Камп Ноу започна нова ера. Легендарниот Чави Ернандез го предводеше првиот тренинг на Барселона.

Чави вчера беше претставен како нов тренер на каталонскиот клуб, а веќе денеска го одработи и првиот тренинг.

Легендарниот Шпанец утринава во друштво на претседателот Жоан Лапорта ги собра играчите кои му стојат на располагање за време на репрезентативната пауза и одржа краток состанок. По тој повод најави нови правила на однесување и истакна дека дисциплината на фудбалерите е исклучително важна за тимот да се натпреварува на врвно ниво.

Првиот тренинг на теренот започна во 11 часот. Поради големиот број на отсутни и повредени играчи, со првиот тим работеа седум фудбалери на Барселона Б.

„Се вратив и ме чека голема одговорност и напорна работа. Целта е да се врати бродот на вистинскиот пат, да уживаме и да победуваме. Барселона е мојот дом и сакам да се соочам со предизвикот“, изјави вчера Чави, а веќе денеска почна да работи на остварување на таа цел.

Барселона е деветта на табелата во шпанската Ла Лига, со 11 бодови и натпревар помалку од водечкиот Реал Сосиедад.

Слични содржини