Нова фабрика за производство на бакарни жици и цевки отворена во тетовско Камењане

од desk4
337 прегледи

Претставници на Владата, општините и други институции денеска учествуваа на пригодна свеченост која го означи отварањето на нова фабрика, во која ќе се произведуваат бакарни жици и цевки како и чист бакар. „Мултипарк Изаири“ е компанија во сопственост на браќата Нухи и Неби Изаири, родени во Камењане, кои по повеќе од десет години работа во Германија успеале да ја отворат фабриката.

-Речиси две години траеше инвестицискиот проект каде најпрвин се инвестираше во земјиште и капацитети, потоа во производствена линија и во обука на персоналот. Компанијата првично ќе се занимава со производство на бакарни жици со пречник од 8-25 милиметри производ што се употребува во индустриите поврзани со електрична енергија. Досегашната инвестиција достигна околу 3,2 милиони евра, а стратешкиот план е да продолжат уште понатаму со дополнителни инвестиции.

Љумни Ајвази директор на „Мултипарк Изаири“ : „Благодарение на поддршката од локалната и централната власт, успеавме да имаме фабрика во Северна Македонија со исти услови како во Германија“.

Слични содржини