Денеска Владата ги новите анти-ковид мерки – „Празнувај одговорно“ – препорачани од Комисијата за заразни болести, и кои ќе важат од 18 декември до 20 јануари.
Угостителиските објекти да се затвораат во 18 часот, наместо до 21 часот како што беше досега, а останува во сила забраната за собири на јавни места. Ќе има забрана за групирање по плоштади за дочек и прослава на Новата година како и секаков вид на собири во периодот на празниците, како и забрана за групирање во станови за претстојните празници, а хотелите да ги затворат своите ресторани во 21 часот.
„Апелираме и препорачуваме да нема домашни собири за престојните празници и да не се излегува од дома по 18 часот доколку за тоа нема потреба. Се забранува групирање на плоштад на новогодишната ноќ и прослава како и секаков вид собири за време на новогодишните празници“, истакна Венко Филипче.
Тој апелираше до верските лидери да не апелираат за масовно собирање за време на празниците, а до граѓаните апелираше да се придржуваат до препораките, за наредните празници да ги празнуваме поинаку.
Истовремено додаде дека се свесни дека ова не се популарни мерки, но како што истакна сега е време здравјето да се стави пред задоволството и пред профитот.
„Мерките се однесуваат на ограничување на работното време на угостителските објекти, забрани за организирање предновогодишни и Новогодишни прослави на отворен и затворен простор, а имаме јасни препораки до верските заедници, до работните организации и општините, препораки за работата на рестораните во хотелските објекти“, рече Заев.
Не значи дека граѓаните не може да одат во викедици и да не прослават, но треба да бидат одговорни и да не се групираат, рече Заев одговарајќи на новинарско прашање.
– Ако остане во рамките на своето семејство, иако закупи вила во Маврово, Берово или било каде, тоа е како домот. Прашањето е да не се групираат. Ние не ги ограничуваме граѓаните да празнуваат, туку одговорно да празнуваат. Ова е шанса да си го поминеме празникот со домашните, но не значи дека некој ако има куќа во село дека не може да оди.
Заев рече дека тој ќе остане во својот дом и ќе ги прослави празниците со своето семејство, велејќи дека сака да биде пример за граѓаните.