Германската полиција која трага по Медлин МекКен ќе започне голема потрага во областа Алграв, португалски регион во кој се сомнева дека Кристијан Брукнер честопати го посетувал. Португалската полиција соработува со нив, а се очекува наскоро да почнат да ги затвораат патиштата кои водат до браната во градот Силвес.
„Дејли Мејл“ пишува дека во потрагата се вклучени и детективи од Скотланд Јард.
Потрагата ќе трае најмалку два дена, а ќе биде продолжена доколку се најдат релевантни траги.
Тоа ќе биде прва голема ваква операција од 2014 година, кога британската полиција доби дозвола да спроведе истрага во Праја де Луз, каде исчезна Медлин. Во акцијата биле вклучени и кучиња трагачи.
Да потсетиме, Медлин МекКен исчезна во 2007 година, а местото каде што исчезна досега е пребарувано неколку пати, но без никакви траги.