Нова гринфилд инвестиција на „Јагео” од над 200 милиони евра и нови 3900 вработувања во зоните во Скопје и Штип

од Nikola Popovski
204 прегледи

Премиерот Димитар Ковачевски, во видео обраќање упати честитки до менаџментот на компанијата „Јагео” и директорот на Технолошко- индустриските развојни зони Јован Деспотовски по повод новата инвестиција на „Јагео” во зоните во Скопје и Штип во доменот на електрониката.

Станува збор за најголемата гринфилд инвестиција од осамостојувањето на нашата земја, во вредност од 205 милиони евра и над 3900 нови работни места.

-Тоа е водечка мултинационална компанија за производство на електронски компоненти, која има силно глобално присуство и свои производствени и продажни капацитети во Азија, Европа и Америка со 40.000 вработени ширум светот. Електронските компоненти кои ги произведуваат и кои што се еден од светските најдобри производители за чип-отпорници и тантал кондензатори се користат за авионската и автомобилска индустрија, 5G и телекомуникации, индустрија, медицина, управување со енергија, зелена енергија и слично, изјави премиерот Ковачевски.

Тој нагласи дека бројките најдобро зборуваат за тоа колку е ефикасен новиот концепт на инвестиции и поддршка на инвестициите во ТИРЗ.

-Последниве две години се постигнати договори од над 650 милиони евра, што е над половина од вкупниот обем на донесени инвестиции во претходните 10 години. Со оваа инвестиција надминуваме износ над 850 милиони евра. Имаме над 16.500 вработени во Зоните што е за над 10.000 работници, само од 2017 година досега. Во првиот квартал имаме речиси една милијарда евра извоз што е највисоко ниво во последниве 5 години, рече премиерот и потенцира дека само минатата година компаниите во зоните достигнаа највисоко ниво на извоз од 3.7 милијарди евра на годишно ниво.

Слични содржини