Нова истрага на УЕФА за местење на натпревари на албански Скендербег

од Vladimir Zorba
248 прегледи

УЕФА започна нова истрага за албанскиот тим Скендербег, за наводна вмешаност во местење натпревари. Лидерот на албанскиот шампионат веќе е елиминиран од европските клупски турнири во сезоната 2016-2017 поради сомневање за учество во местење на натпревари. Клубот потоа ја изгуби својата жалба во Спортскиот арбитражен суд (КАС).

Новите информации од европската фудбалска централа се дека Скендербег има далеку посериозно учество во местење на натпревари. Анонимни смртни закани против официјалните лица на УЕФА, вклучени во истрагата, се направени во врска со случајот.

„Веројатно сакаа да ги исплашат и да им попречат да си ја вршат работата“, соопштија од УЕФА.

Полицијата веќе е свесна за заканите. Раководството на Скендербег сé уште не коментира за најновите обвиненија.

Слични содржини