Нова измама со лажна сообраќајка: 77-годишна скопјанка „олеснета“ за 180.000 денари

Според пријавеното, телефонски ѝ се јавило едно лице, кое се претставило како полициски службеник...

од Nikola Popovski
14 прегледи Фото: Јутјуб/Принтскрин/ ТВ Сител

На 30.09.2025 во 17:45 часот во СВР Скопје, 77-годишна жена од Скопје пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 180.000 денари.

Според пријавеното, телефонски и се јавило едно лице, кое се претставило како полициски службеник и и рекло дека наводно нејзината ќерка предизвикала сообраќајна несреќа во која прегазила дете кое починало и доколку не сака таа кривично да одговара, ќе треба да даде пари. Како што е пријавено, таа ги оставила парите на договореното место, а откако се вратила во домот, телефонски стапила во контакт со нејзината ќерка и сфатила дека била измамена.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.