Нова Каховка е целосно поплавена, изјави прорускиот градоначалник на тоа место откако беше пробиена истоимената брана на реката Дњепар.
На социјалните мрежи се појавија видеа и фотографии од градот на кои се гледа како се зголемува нивото на водата, а самиот центар на градот е поплавен.
In #NovayaKakhovka, the water level continues to rise, the flood zone is expanding, Russian media reports.
The water has reached the administration building of the Novokahovsky city district and continues to rise. pic.twitter.com/SymRGBnOrX
— NEXTA (@nexta_tv) June 6, 2023
Снимките од воздух ја покажуваат и драматичната ситуација во градот.
Потопена е и Палатата на културата, а во негова близина се снимени лебеди.
Браната Каховка во делот на Херсонската област што е под контрола на руските сили се урна во вторникот наутро со гранатирање за што Русија и Украина меѓусебно се обвинуваат.
Swans near the Palace of Culture in Nova Kakhovka. pic.twitter.com/JFzSwKYUC7
— NEXTA (@nexta_tv) June 6, 2023
„Сега ги преместуваме жителите кои се директно на брегот. Градот се уште е под гранатирање. Мислам дека жителите на околу 300 куќи ќе бидат евакуирани и тие веќе се евакуираат сега, за да се избегнат жртви“, изјави за ТВ „Русија-24“ Владимир Леонтиев, шеф на проруската општинска администрација.
Според него, нивото на водата во реката Дњепар во Нова Каховка е зголемено за повеќе од 10 метри поради уривањето на ХЕ Каховка и може да достигне и до 12 метри пред да почне да опаѓа.
On the right bank of the #Dnieper, 16,000 people found themselves in a critical flood zone, said the head of the #Kherson regional military administration Prokudin. pic.twitter.com/MLmNKzq9ft
— NEXTA (@nexta_tv) June 6, 2023