Нова кавга на релација Џафери-Мицевски: „На празна сала не давам пауза“

од Nikola Popovski
278 прегледи

Повторно кавга во Собранието меѓу претседателот Талат Џафери и координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски.

Џафери повикал Мицевски да седне на своето место, а тој одбивал, додека другите пратеници будно следеле што се случува.

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ побарал еден час пауза, иако веќе сите пратеници од неговата партија ја напуштиле седницата.

-На кого да му давам пауза кога не сте тука, на празна сала не давам пауза, реагирал Џафери и одбил да им даде пауза.

-Ваков однос да си имаш дома или во ДУИ, со висок тон му се обратил Мицевски на Џафери.

Спикерот на тоа изјавил „не покажувај со прст“. Мицевски возвратил дека „не покажува кон него со прст“.

-Абе немој сега прст, прст, немој да ми кажуваш приказни. Се однесуваш тука, да не речам како некој погрден збор, како невоспитан на говорница. Тебе ти се обраќам. Тебе ти се обраќам…, кажал пратеникот Мицевски.

Слични содржини