Нова казна за Жозе Мурињо

од Vladimir Zorba
58 прегледи

Тренерот на Фенербахче, Жозе Мурињо повторно е суспендиран. Португалецот нема да го води својот тим на гостувањето кај Митјиланд во последното коло од главната фаза во Лига Европа, тврди „А Спор“.

Специјалниот беше санкциониран затоа што доцна ги извадил „фенерите“ во второто полувреме на мечот со Лион (0:0), што предизвика доцнење на стартот.

Мурињо беше суспендиран и во Супер лигата. Тој во последното коло не беше на клупата на Фенербахче на домашен натпревар против Гезтепе (3:2).

Португалецот го заработи четвртиот жолт картон и доби суспензија од еден натпревар.

Слични содржини