Нова корејска хорор серија ја урна „Squid Game“

од Nikola Popovski

Серијата „Squid Game“ за само еден месец стана светски хит, со што, ни се чини, започна „ерата на корејската кинематографија“. Иако до неодамна беше речиси незамисливо некоја серија наскоро да ja симне „Squid Game“ од тронот, сепак тоа се случи, а кој ќе ги отстрани Корејците од листата на најгледани, ако не самите тие.

Новата хит серија „Hellbound“ за рекордно време се искачи на самиот врв на најгледани серии.

Премиерата беше прикажана на Нетфликс на 19 ноември и забележа огромен успех за помалку од 24 часа.

Оваа комбинација на хорор, акција и фантазија преку ноќ стана глобален феномен.

Гледачите ќе можат да ја доживеат врвната напнатост низ шест епизоди, колку што трае првата сезона. Серијата ја режира Јеон Санг-хо, а премиерно е прикажана во септември на филмскиот фестивал во Торонто.

Да потсетиме, „Squid Game“ чија премиера беше прикажана на Нетфликс на 19 септември, 46 дена по ред го држеше рекордот за најгледана серија. Се проценува дека серијата ја гледале дури 142 милиони домаќинства од 94 земји и дека нејзиниот профит е 900 милиони долари.

Слични содржини