Нова корона-мапа: Речиси сите земји се со црвена боја

од Nikola Popovski
435 прегледи

Унгарија, Словачка, Чешка и Полска се единствените членки на ЕУ што останаа зелени на новата мапа на Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ЕЦДЦ), другите земји се обоени во црвена, па дури и портокалова, што сугерира дека ситуацијата со коронавирусот се влошува.

Летните дестинации како Хрватска, Португалија, Грција, Словенија и некои делови од Италија и Шпанија се обоени со црвена боја.

Според последната карта за раширеноста на коронавирусот, објавена од ЕЦДЦ, Хрватска била целосно портокалова, пишува „Јутарњи лист“.

Епидемиолошката карта за Европа на ЕЦДЦ се објавува секој четврток врз основа на двонеделни податоци и учеството на позитивните тестови во вкупниот број тестирани. Зелената боја на картата на ЕЦДЦ се регионите во кои двонеделната стапка на инфекција на 100 илјади жители е помала од 50, а уделот на позитивно тестираните е помало од четири проценти.

Црвената боја значи двонеделна стапка од 75-200 случаи, со удел на позитивните од повеќе од 4 проценти, и области со 14-дневна стапка на инфекција од 200 до 500, а темноцрвените области со стапка од 14 дена поголема од 500.

Слични содржини