Нова корона-забава во Белград: Уапсен е пејач, во објектот имало 500 луѓе (видео)

од Nikola Popovski

Пејачот Слободан Радановиќ бил приведен на распит бидејќи комуналната полиција нашла околу 600 луѓе во кафана покрај Стариот саем во Нов Белград синоќа нешто после 18 часот.

 

Интервентната единица упаднала во локалот, го прекинала настапот и ги растерала присутните, по што следеле неколку апсења.

 

„Исклучете ја музиката, исклучете ја музиката сега!“, може да се слушне полицијата како вика на снимката, по што може да видиме како шокираниот пејач се симнува набрзина од сцената.

 

Радановиќ отпеал песна од Дино Мерлин наречена „Јас го покривам стравот со смеа“, а кога се симнал од сцената, публиката продолжила да пее како ништо да не се случува.

 

Припадници на српската полиција уапсиле две момчиња кои биле одговорни лица во угостителскиот објект во Нов Белград.

Тие се уапсени поради непочитување на здравствените прописи за време на епидемијата.

Незаконски организираните забави се проблем за властите во Белград овие денови, а во последната недела полицијата растури журки на кои имаше повеќе од 5.000 луѓе.

Властите апелираат да се запре со организирањето на вакви собири, на кои има голема опасност од ширење на коронавирусот.

Слични содржини