Подваријантата на Омикрон БА4 се шири во Албанија.
– Го потврдивме присуството и на варијантата БА4, покрај БА5 која циркулира од јуни. Во лабораторија во Германија испративме 230 примероци. Од нив над 83 отсто беа БА5 и мал процент или околу 4 отсто БА4“, изјави Еугена Томини, директорка на Албанскиот Институт за јавно здравје.
Според неа се уште во земјата има висока позитивност кај новозаразени, а незаинтересираноста за вакцинација условува поотежната клиничка слика на заразените.
– Продолжува висока позитивност на дневно ниво. Оваа позитивност се рефлектира и во зголемениот број на случаите на кои им е неопходен болнички третман.
Незаинтересираноста за вакцинација ни дава поотежната клиничка слика на случаите, додаде Томини.
Таа предупреди дека коциркулацијата на двете подваријанти на Омикрон и сезонските вируси, на почетокот на есента, се очекува да ја комплицираат состојбата во земјата.