Нова кредитна линија од 8 милиони евра бескаматни кредити преку Развојната банка за фирмите

од Vladimir Zorba
120 прегледи

Владата на денешната седница донесе одлука за отворање на новата кредитна линија од осум милиони евра бескаматни кредити преку Развојната банка, која е дел од вториот пакет економски мерки. Бесмакатните кредити се наменети за зачувување на работните места и подобрување на ликвидноста на фирмите, објави вечерва министерката за финансии Нина Ангеловска на нејзиниот официјален фејсбук профил.

-Нова линија 8 милиони евра бескаматни кредити преку Развојната банка за фирмите погодени од COVID-19 ‼ Олеснети услови и начин за аплицирање, Поголем износ на кредити. Важи за СИТЕ погодени компании Минимален износ на кредит е 3.000 евра. Максимален износ на кредит е 90.000 евра. Сумата на кредитот се одредува според бројот на вработени од заклучно со 31.01.2020 наведен во изјава при аплицирање, се множи по бројот на вработени, за пресметани најмногу 3 месеци.