Нова кривична за Бајрами – ја оштетил „Лотарија“ за над 24 милиони денари

од Nikola Popovski
83 прегледи

Поднесена нова кривична пријава за екс-директорот на Државна лотарија, Перпарим Бајрами кој што е во бегство. Финансиската полиција ја поднесе кривичната поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 ст.4 вв ст.1 од Кривичниот Законик.

-Пријавениот П.Б во својство на директор на АД Државна лотарија, ја злоупотребил службената положба и овластување на начин што на 05.07.2023 година склучил договор за закуп на административно – деловен простор со правниот субјект ХЕЈ ДООЕЛ Скопје за деловни простории кои не биле адатпирани и спремни за користење за потребите на АД ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА по цена за м2 која е најмалку два пати повисока од реалната пазарна цена и со склучениот договор за закуп на деловни простории не биле запазени посебните услови од јавниот повик, односно, објектот е со поголема површина од бараните услови и не било опфатено дворното место кое претставува посебен услов предвиден во јавниот повик.

Пријавениот предвидел посебен услов во Јавниот повик – деловниот објект (административен дел) и магацинскиот простор да се со вкупна просторна површина од најмалку 2.000 до најмногу 2.500 м2 и истиот склучил договор за закуп на објект – деловни простории со површина од 2.426 м2 иако вкупната површина на објектот по Имотен лист изнесува 2.924 м2. Со намера да го изигра посебниот услов од јавниот повик, во текот на 2024 година склучил договор за послуга за останатите 502 м2 од објектот што е предмет на закуп. Пријавениот П. Б. иако во јавниот повик за прибирање понуди за закуп за деловни простории предвидел посебен услов понудувачот да има сопствено дворното место на објектот и да има простор за најмалку 50 паркинг места за патнички и товарни возила, истото не било опфатено во договорот за закуп склучен на 05.07.2023 година. Пријавениот склучил договор за закуп за деловни простории за 9 евра по м2 иако во тој период цената за м2 за слични објекти по намена и вид во населено место Визбегово се движела од 2.5 до 4.5 евра. Исто така, деловните простории не биле адаптирани за намената од договорот, односно, објектот – деловните простории требало да бидат реновирани и реконструирани при што за истото пријавениот предвидел и отпочнал Јавна набавка со износ од 1.300.000 евра за реновирање и реконструкција, што би претставувало дополнителен трошок за Државна лотарија, информираат од Управата за финансиска полиција, соопштија од Финансиската полиција.

На тој начин, пријавениот П.Б. во својство на директор на АД ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА склучил договор за закуп на деловни простории кои не биле адекватни за потребите на Државна лотарија и за цена за м2 која е повисока од пазарните цени. По склучување на договорот за закуп на деловни простории од страна на пријавениот иако истите не биле користени од страна на АД ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА согласно намената од договорот за закуп, АД ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА на правниот субјект ХЕЈ ДООЕЛ Скопје му исплатила 24.636.045 денари.

Со горенаведените дејствија, пријавениот П. Б предизвикал штета на буџетот на АД ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА по основ склучен договор за закуп на деловни простории кои не биле користени согласно намената од склучениот договор во износ од 24.636.045 денари.

Претходно Бајрами се товари дека преку сомнителни тендери за набавка на телевизори и компјутерска опрема за Државната лотарија,  проневерени се нешто помалку од 400 илјади евра. Парите биле исплатени, ама стоките не биле испорачани. Со претходната кривична пријава е опфатен и Артан Ајрули, сопственикот на фирмата „Ритрон копи“ од Куманово која ги добила 6 -те тендери, и уште други двајца директори во лотарија. Кои се сомничат дека ја примиле стоката која всушност била фиктивна.

Бајрами се гони дека од 2002 до 2024 со свој потпис одобрил исплата на фактури со невистинита содржина за набавка на употребувани телевизори, принтери, компјутерска и комуникациска опрема.

Во декември 2024, МВР до Обвинителството поднесе кривична пријава дека Бајрами заедно со поранешниот прв вицепремиер  Артан Груби направиле проневера од 8,2 милиони евра. По отворањето на истрагата, двајцата ги снема и сега се бараат со меѓународна потерница.

Слични содржини