Нова мерка притвор за Мијалков поради опасност од бегство

од Nikola Popovski
364 прегледи

Кривичниот суд му определи нова мерка притвор на Сашо Мијалков. Ова доаѓа по предлог на обвинителот Трајче Пеливанов, кој го застапува предметот „Трезор“. Паралено, обвинителот предложи укинување на притворот во „Таргет-Тврдина”.

Со одредениот притвор Сашо Мијалков нема да излезе од затворот во Шуто Оризари за две недели, што требаше да се случи, бидејќи претходната мерка му траеше до 27 април.

„Мијалков е исклучително моќен човек, несомнено се јавува потребата од определување мерка за обезбедување на неговото присуство. Предлагаме на Мијалков да му се определи мерка притвор во овој предмет. Ова го бараме и поради постоење на опасност од бегство, како и тоа дека веќе преку Европол е утврдено дека Мијалков има адреса на живеење во Прага, а и две возила регистрирани на негово име“, рече Пеливанов.

Екс директорот на УБК за предметот „Трезор“ доби единствена казна затвор во времетраење од 8 години. Поранешниот шеф на неговиот кабинет, Тони Јакимовски доби 5-годишна затворска казна, поранешниот помошник-министер во МВР, Небојша Стајковиќ исто така доби казна затвор од 5 години, а поранешениот началник на Петтата управа во МВР-Горан Грујевски, за кого се чека одлуката од Грција за екстрадиција, заработи казна затвор од 15 години.

Слични содржини