Нова мистериозна смрт во Русија: Сопартиец на Путин пронајден мртов – паднал од прозор

од Stefanija Kuzmanovska
245 прегледи

Истакнат руски политичар паднал од прозорец во Тоболск, што е последно во серијата сомнителни смртни случаи на познати личности во земјата.

Владимир Егоров, политичар од партијата Единствена Русија на рускиот претседател Владимир Путин, беше пронајден мртов пред неговиот дом во Тоболск во средата, откако паднал од прозорец на третиот кат, објави Business Insider.

Според „Комерсант“, Егоров имал 46 години. ТАСС јавува дека политичарот бил пронајден мртов во Тоболск, градот во кој живеел. „База“, неофицијален канал на Телеграм поврзан со службите за национална безбедност, наведува дека Егоров бил пронајден мртов во дворот пред неговиот дом.

Во тек е обдукција за да се потврдат деталите за неговата смрт, што инспекторите тогаш не можеле да го направат, пренесува „Комерсант“ и додава дека не пронашле „надворешни знаци на сомнителна смрт“.

Сепак, случајот на Егоров е последниот во серијата мистериозни смртни случаи на познати личности во Русија, вклучувајќи јавни личности и истакнати бизнисмени кои паднале од прозорците или умреле под други нејасни или бизарни околности.

Некои од нив беа гласни критичари на Путин.

Слични содржини