НОВА „МОДА“: Реал прави „тим од соништата“ со играчи кои пристигнуваат бесплатно!

од Stefanija Kuzmanovska
378 прегледи

Зошто да трошите милиони кога можете да донесете играчи бесплатно? Вие само чекате да им истечат договорите … Тоа стана нова „мода“. Таквиот модел го демонстрираше Пари Сен Жермен и го прифати Реал Мадрид.

Парижаните не потрошија ниту едно евро за обештетување на Донарума, Вајналдум, Рамос и Меси. На ист пат е и мадридскиот гигант.

Шпански „АС“ ја објави информацијата дека „кралскиот клуб“ сака да создаде „дрим тим“ следното лето и дека во тек е процесот на преговори со играчи чии договори истекуваат следното лето.

Ова лето Давид Алаба пристигна од Баерн како слободен играч, а следното лето треба да бидат ангажирани пет фудбалери на ист начин.

Како прво, тоа се однесува на Килијан Мбапе, чиј договор со ПСЖ истекува во 2022 година. Неговото доаѓање практично ќе го означи преодниот рок следната година. На мета на Реал се и Пол Погба (Манчестер Јунајтед), Леон Горецка (Баерн), Антонио Ридигер (Челси) и Едуардо Камавинга (Рен). Сите договори истекуваат на 30 јуни 2022 година.

Кога клубовите не плаќаат отштета, тогаш играчите можат да се надеваат на „подебели“ договори. Секој победува.

Слични содржини