Според последната статистичка база на официјалната страна на МВР се водат 63 изчезнати лица од кои најстар случај е од 1992 година, за Веле Дојчиновски. Според истата нема евединација колку деца исчезнале за сите овие години, ниту колку се пронајдени. За жал семејствават на 4-те деца, кои се наведени во листа на исчезнати на официјална страна на МВР, сите овие години ги поминуваат во неспокој, неизвеснот, тага и надеж за трага и глас од нивните деца.
Најмало исчезнато дете според објавите на МВР е малечката Фејзула Елиф која исчезнала уште во 2016 година, кога имала само 1 година. Во Кумано во 2010 година исчезнува Мирсада Хелдовиќ, која тогаш имала 5 години. Во 2010 година се губи трага на Митат Ибраими, роден 2002 година, а како последно дете се води Дане Мемеди исчезнато 2010 кога имал 5 години. Според ова може да се воочи дека во 2010 година исчезнале 3 деца.
Но, наскоро можеби голем број на семејства кои трагаат по своите деца ќе имаат среќен крај. Во јуни започна пилот – проектот Ран систем за предупредување на исчезнати лица. Притоа се направени неколку тренинзи со учество од МВР, министерство за труд и социјална политика, МОН, од Агенцијата за правото на пристап до информации од јавен карактер, новинари и сите ја подржуваат идејата и активно се вклучени во негова имплементација
– Се уште работиме на тренинзи за институциите инволвирани во проектот, а во јуни е предвидена студиска посета во Австрија каде и практично ќе видиме како овој механизам функционира. Се надевам дека ќе успееме и ние да го поставиме и да помогнеме во брзо и ефикасно наоѓање на исчезнати лица – деца, вели за „Локално“, Наташа Доковска, програмски директор на Новинари за човекови права.
Пилот проектот за рано откривање на исчезнати деца за да се реализира успешно, пример зема од Австрија.
-Навремено информирање за исчезнато лице – дете со што би се припомогнало за негово наоѓање беше целта за да се започне, пилот – проектот за систем за рано предупредување за исчезнати деца. Повикот од Австриското министерство за социјала беше мотив да размислуваме на тема поврзана со претприемништво во човекови права. И како активна организација во работата на ЕКПАТ, дојдовме до идеа да воспоставиме систем за рано предупредување за исчезнати деца – лица, потенцира Доковска.
Со овој систем како што вели Доковска, веднаш по доставената информација дека некое лице, дете е исчезнато се алармира и јавноста може да реагира доколку има веродостојни информации, а во овој механизам е вклучено и претприемништво.
– Претприемништвото е во тоа што во овој механизам треба да се вклучат и компани кои ќе ја препознаат неговата важност и ликот и информацијата на исчезнатото лице ќе ја објавуваат на нивните производи… (тука пред се мислам на он лајн алатки, интернет провајдери, банки, електронски медиуми, казина…), додава Доковска.
По доставените прашања до МВР, од портпаролот Тони Ангелоски, за „Локално“, добивме повратна информација, дека до сега нема случај на киднапирано дете, а листата на исчезнати деца дополнително ќе биде доставена.
Според странските проценувања, секоја година во Европа исчезнуваат 200.000 деца. Во 2020 година, европските линии за исчезнати деца, 116.000 , забележале 42.662 повици, кои се поврзани со 8.857 случаи на исчезнати деца. Голем дел од повикот се однесувал на деца кои побегнале од дома, 53% се однесува на киднапирања од родители, а само 3,6% од повикот се однесува на деца исчезнати во миграција. Од основањето во март 2012 година до крајот на 2020 година, на европскиот број на АСТРА за исчезнати деца примени се 3350 повици, а пријавени се 120 исчезнати деца (71 девојче и 49 момчиња). Поради недостиг на официјална статистика за исчезнати деца, единствениот европски извештај со официјални податоци е застарен.
М.А.