Нова надеж за живот: Пресаденото срце чука во градите на 39 годишна жена

од Берта Китинска
320 прегледи

Нова надеж за живот со трансплантација на срце од починат донор доби 39 годиша жена која имала вродена срцева маана и подолго време чекала донор. Надлежните информираат дека поради сериозноста на операцијата следните 48 часа се критични за пациентката.

Тешката интервенција извршена на Државната кардиохирургија траела пет часа.

Донираното срце е од 40 годишна жена, чие семејство и покрај големата загуба одлучило да ги донира органите и да спаси три човечки животи.

„Донираното срце е од починат пациент чие семејство ја покажа својата големина и човечност и одлучи да ги донира срцето и бубрезите за да се спасат три животи. За овој гест на хуманост министерот за здравство д-р Венко Филипче, Министерството за здравство и целиот медицински персонал им изразуваат неизмерна почит и благодарност“, соопштија од министерството за здравство.

Слични содржини