Нова несреќа на бразилски авион – загинаа четворица фудбалери (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

По трагедијата со Шапекоенсе, се случи нова авионска несреќа во Бразил.

Бројни извештаи известуваат дека трагедијата го погодила локалниот четвртолигаш Палмас, чија експедиција се обидела да оди со авион на мечот со Вила Нова, но авионот се срушил по неуспешното полетување.

Претседателот Лукас Меира и играчите Лукас Пракедес, Гилермо Ноа, Ранул и Маркс Молинари, како и пилотот, загинаа на самото место.

Веста за тоа ја потврдија и од клубот, како и други клубови кои изразија сочувство.

Слични содржини