Трета одлука неделава за цената на горивата кои треба да стапат на сила од полноќ. Со одлука на Регулаторната комисија за енергетика, малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 2,50 ден/лит. Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалуваат за 2,00 ден/лит.
Според новата одлука на регулаторите малопродажната цена на бензинот од типот „еуросупер-95 од ноческа на полноќ ќе изнесува 71,50 денари по литар. Литар бензин „еуросупер-98 “ ќе чини 74,00 денари, додека дизелот и маслото за горење (ЕЛ-1) ќе имаат иста цена 64,50 деенари.
Oд синоќа беше соопштено дека малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 1,257 денари и еден килограм ќе чини 37,708 денари и истата цена ќе остане и денеска.
Од 12.4.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 71,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 74,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 64,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 64,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 37,708 (денари/килограм)