За процесот да може да отпочне, ќе треба да се убедат социјалдемократите да се вратат во собраниските фотелји. Се разбира, до тоа нема да може да дојде во актуелната статус кво позиција на која инсистира ВМРО ДПМНЕ. Владата на Груевски ќе мора да се ослободи барем од неколкумина свои битни играчи компромитирани од бомбите на Заев.
Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска и првиот директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање Сашо Мијалков се првиот таргет, поради тоа што тешко е да се претпостави ефикасност на новата анкетна комисија доколку портите на УБК и МВР ги чуваат овие двајца битни играчи на Груевски, воедно и директно инволвирани во аферата.
Нивните позиции ќе мора да бидат заменети со личности за кои ќе се обезбеди консензус. Оваа отстапка на Груевски, во чијшто пакет би се нашле и министрите за транспорот и врски Миле Јанакиески и за финансии Зоран Ставревски, ќе го отвори патот за враќање на опозиционерите во Собранието. Оттука произлегуваат и експлицитните временски координирани пораки од официјални Вашингтон и Берлин за потребата од преземање на политичка и морална одговорност која произлегува од содржината на телефонските разговори, како и се позачестените пораки од Брисел дека Македонија во октомври ја губи препораката за старт на преговори доколку нема поместување од мртвата точка во правец на изнаоѓање на политичко и правно решение на оваа криза.
Повеќе новатв.мк
