Многу програмери се обидоа да го повторат масовниот успех на Pokemon GO, но ниту една мобилна
AR (додадена реалност) игра не успеа да се доближи до Niantic во однос на приходите. Најновиот
ривал, Harry Potter: Wizards Unite, достигна само 4% од приходите на Pokemon GO направени во
првиот ден.
Изгледа дека ќе видиме нова Pokemon игра за Android и iOS уреди. Програмерите од DeNa објавија
дека Pokemon Masters ќе пристигне на мобилни платформи ова лето.
Ова ќе биде првата Pokemon игра на DeNa – компанија која помогна на Nintendo да пушти игри како
Super Mario Run и Fire Emblem: Heroes. DeNa, исто така, помага во развојот на претстојната Mario Kart
Tour мобилна игра.
Pokemon Master се развива на вештачкиот остров Пасио, каде што тренерите добиваат контрола
над еден покемон. Играчите ќе бидат здружени со други тренери за да ги победат своите
противници во битка три против три. Битката е заснована на способности на играчот и се
спроведува во реално време, наместо да ги чека дејствувањата на противникот.
Играта веројатно ќе биде бесплатна, но во овој случај, од потрошувачите ќе се очекува да купуваат
во неа. За да дознаете повеќе за играта, можете да го видите трејлерот, пуштен од DeNa: