Нова помош за соседите: Србија ѝ донираше дози од Астразенека на Црна Гора

од Nikola Popovski
160 прегледи

Вчера, на иницијатива на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, Владата на Србија испратила нова донација од 10.000 вакцини против коронавирус на Црна Гора.

Авион со 10.000 вакцини од производителот Астра Зенека слетал вчера попладнето на аеродромот во Подгорица, соопшти Владата на Србија.

Со ова, Србија продолжи да му помага на регионот со вакцини против вирусот корона.

Ова е втора донација, по 4.000-те вакцини Спутник V, кои премиерката Ана Брнабиќ му ги предаде на премиерот на Црна Гора, Здравко Кривокапиќ на почетокот на оваа година во Подгорица.

Покрај тоа, Србија досега испорача 40.000 вакцини од руската вакцина во Македонија, како и 8.190 дози вакцини од компанијата Фајзер-Бионтек, додека на Босна и Херцеговина ѝ достави 30.000 вакцини Астра Зенека, потсетува Танјуг.

Во наредниот период, на Босна и Херцеговина ќе ѝ се обезбеди дополнителен контингент на дози потребни за ревакцинација, се вели во соопштението.

Слични содржини