Нова повреда во Барселона пред реваншот со Челзи

од Vladimir Zorba
329 прегледи

Тимот на Барселона денеска беше потресен од нова повреда. Откако речиси сигурно капитенот Андрес Иниеста нема да може да игра во реваншот од 1/8-финалето во Лигата на Шампионите против Челзи, денеска тренерот на тимот, Ернесто Валверде доби нова тешка вест.

Играч од средниот ред, Денис Суарез има растегнување на бутот што ќе го однесе аут од игра за 15 до 20 дена. Тој директно отпаѓа од сметките на Валверде за натпреварите со Малага, Челзи и Атлетик Билбао, а е под прашање и за средбите со Севиља и Леганес.

Во оваа сезона, 24-годишниот фудбалер има само три натпревари како стартер во Ла Лига и уште два во Лигата на Шампионите и Кралскиот Куп, откако постигнал вкупно 4 погодоци.

Слични содржини