Од Владата информираат дека денеска во земјава пристигнува нова пратка на вакцини.
Вакцините треба да пристигнат некаде во 13 часот во Клиничкиот центар, а по тој повод е закажано обраќање на медиумите на премиерот Зоран Заев и министерот за здравство Венко Филипче.
Во текот на вчерашниот ден вакцинирани се 730 граѓани на пунктовите низ државата. Дневно од 30 до 55 лица се вакцинирале во еден пункт, соопштија од Министерството за здравство.