НОВА ПРОГНОЗА: Еве какво ќе биде времето во наредните денови

од Берта Китинска
756 прегледи

За утре метеоролозите најавуваат свежо време со пониски утрински температури, кои во вторник некаде ќе се спуштат некој степен под нулата. Наутро на некои места во котлините ќе има услови за појава на магла.

Од УХМР информираат дека до средината на работната недела ќе преовладува сончево време со малку облачност на југот, а потоа ќе има зголемена облачност со услови за локален дожд во јужните делови, а утринските температури постепено ќе се покачат.

До крајот на денот не очекува променливо облачно и свежо време. Попладне и особено во северните делови облачноста ќе се намали. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието засилен ветер од северен до
северозападен правец. Максималните температури ќе бидат во интервал од 12 до 18 степени.