Нова ракета која продира во армиран бетон ќе ја зголеми ударната моќ на руската авијација

од Stefanija Kuzmanovska
255 прегледи

Во Русија е дизајнирана нова авио-ракета која ги комбинира својствата на проектилите кои продираат во армиран бетон и високоексплозивна муниција. Има исклучително ефикасен мотор кој ја формира основата за понатамошна работа на овој тип муниција. Калибарот на моделот е 80 милиметри.

Новиот модел на ракетата е наменет за гаѓање и на отворени цели и на оние лоцирани во затворени утврдувања и во шуми.

Воените експерти наведуваат дека развојот на нови ненаведувани авијациски ракети ќе овозможи опремување на постоечките модели на авиони и хеликоптери со помоќна муниција, која покрива многу поширока територија од претходните модели.

„Новата ракета е наменета за попрецизно гаѓање на оклопни возила, како и на непријателските сили кои се наоѓаат на непробојни скривалишта“, наведуваат авторите на проектот.

Клучната посебност на новата ракета е тоа што нејзината употреба вклучува истовремено истрелување на неколку видови муниција, вели воениот пилот генерал-мајор Владимир Попов.

„Тоа овозможува прилично голема покриеност на одреден дел од територијата. Боевата глава на ракетата е силно експлозивна, што придонесува за уште поголема површина на потенцијален удар“, вели експертот.

Тој нагласува дека важна карактеристика на ракетата е тоа што е многу лесна за употреба, бидејќи може да се примени на прилично широк опсег на летала, како авиони и хеликоптери.

„На тој начин новите ракети овозможуваат сериозно обединување на нашата муниција во иднина, што ќе го поедностави сериското производство на ракети. А авијацијата добива едноставна, но исклучително моќна ракета, способна да има квалитативно влијание врз борбената готовност на армијата“, нагласува Попов.

Новиот проектил има долг дострел, како и помоќна боева глава, истакнува генерал-мајор на авијацијата Сергеј Липовој.

„Новата ракета е универзална бидејќи има стандардна муниција од калибар 80 милиметри. На овој начин може да се инсталира на сите модели на авиони кои имаат соодветни носачи, а такви авиони има доста во руската авијација“, нагласува експертот.

Тој додава дека уште една предност на новата муниција е можноста за брзо воспоставување на сериско производство.

„По тестирањето во армијата, за производство ќе бидат искористени капацитетите што се користеа за производство на претходните генерации ракети. Во согласност со тоа, армијата речиси и нема да го почувствува преодниот период“, вели Липовој.

Слични содржини