„Нова рунда на тензии“: Кремљ објави што ќе се случи ако западните земји и дозволат на Украина да нападне со оружје со долг дострел

од Vladimir Zorba
86 прегледи

Рускиот претседател Владимир Путин сосема јасно и недвосмислено изјави што ќе се случи во случај Украина да ја нападне територијата на Руската Федерација со западно оружје со долг дострел, истакна портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Ако западните земји навистина и дозволија на Украина да нападне со оружје со долг дострел на територијата на Русија, тогаш тоа значи нова рунда на тензии, изјави портпаролот на Кремљ.

„Посветивме внимание на медиумските извештаи“, рече Песков и нагласи дека тие не се повикуваат на никакви официјални извори.

„Позицијата на руската страна беше формулирана сосема јасно и недвосмислено од претседателот на Русија, Владимир Путин“, рече Песков.

Да потсетиме, најпрвин некои американски медиуми објавија, како ударна вест, дека американскиот претседател во заминување Џозеф Бајден одобрил употреба на нивните ракети ATACMS од Киев за гаѓање цели лоцирани длабоко на територијата на Русија, а истата одлука потоа ја донеле и Велика Британија и Франција, соопштија Ројтерс и Фигаро, со фактот дека овие дозволи се однесуваат за употреба на нивните ракети SCALP/Storm shadow.

Слични содржини