Нова рунда преговори ?

од Vladimir Zorba
71 прегледи

 

Со крајот на Јуни, се троши првиот зададен рок од опозицијата за премостување на кризата,  и веројатно следниот завршен рок ќе биде некаде  во Јули,  заедно со посетата на Балканот на  американскиот помошник  државен секретар за Европа и Евроазија Викторија Нуланд.Таа како што е најавено ќе го посети и Скопје.viktoria-nuland-1024x576

 

Како што локално.мк објави повеќепати пред преговориоте во Брисел,се очекуваше дека ќе мора

Хан е недораснат за кризата- нешто како Брисел за името

да се подигне нивото на преговарачите за да се доближат крајно спротиставените  страни  на Заев и Груевски во преговорите, и да се изнајде излез од кризата.

Засега нема информации за договорена следна средба дефинитивно, но извесно е дека ќе ја има со оглед на тоа што двете страни не се дистанцираа дека е лош одимуот, освен тргањето на Груевски на чело на транзициската-преодна влада.Иако без никаков рејтинг и авторитет кај преговарачите, можеби Иванов во текот на оваа недела ќе биде искористен, тој да побара средба на лидерите за да се направи чекор напред , колку за показ на спремноста за дијалог на двете страни. Конечна разврска сепак се очекува со високиот американски претсавник Нуланд и специјалниот претсавник од Брисел, што не е исклучено повторно да биде еврокомесарот Хан..

 

Брисел сега веројатно свесен за испуштеното, во координанција со Вашингтон  прави обид  да ја врати земјата во нормален  колосек,  целта  меѓу другото е  и да се спаси препораката  за почетокот на преговори со ЕУ која е ставена под знак прашање.