Нова рунда преговори

од Vladimir Zorba
187 прегледи

Пред малку во резиденцијата на ЕУ  во Пржино почна нова рунда преговори .Некои велат веројатно и последен пакет   на преговори пред обелоденувањето на конечниот договор на лидерска средба .прзино -еу

Според последните изјави од евроамбасадорот Аиво Орав остана уште едно нерешено и отворено прашање . Тој не прецизираше кое, но од извори од преговорите се дознава дека станува збор за  функционирање  на идниот министер на МВР, кој патем ке биде од опозицијата, и законската блокираност која во меѓувреме „законски“ му е спакувана.

Другите точки , околу времетраењето на преодната влада,прочистувањето на избирачкиот список, и медиусмките реформи се усогласени.  По конечниот договор, извесно е дека ќе биде повторно потпишуван, а потоа ќе следува  брза имплеменатација , која подразбира повеќе контроли , пресеци на (не)сторено ,и  потоа организирање избори , најверојатно некаде околу крајот на ноември и почеток на декември.

Амбасадорите на ЕУ и на САД, Аиво Орав и Џес Бејли присуствуваат  и на денечната средбата во Пржино.

Слични содржини